АТП листа: Ѓоковиќ ја започна 402 недела на врвот, подолго е прв од Надал, Борг и Едберг заедно

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ/фото: EPA-EFE/Jorge Zapata

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и овој понеделник се наоѓа на првото место на АТП листата, што му е вкупно 402 недела со апсолутен рекорд меѓу своите поранешни и сегашни колеги.

Интересен е податокот дека Ѓоковиќ е на врвот на АТП листата подолго од Рафаел Надал, Бјорн Борг и Стефан Едберг заедно.

Најдобриот светски тенисер е на врвот со моментно 11,235 бодови, а на втората позиција е Карлос Алкараз од Шпанија со 8,855 бодови.

Следува Данил Медведев кој има 7,600 бодови, Јаник Синер има 6,490, додека петтопласиран е Андреј Рубљов (4,805).

Меѓу најдобрите 10 светски тенисери се и Стефанос Циципас, Александар Зверев, Холгер Руне, Хуберт Хуркач и Тејлор Фриц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот