
Атанасов и следната сезона ќе биде прв тренер на МЗТ Скопје Аеродром
Актуелниот македонски кошаркарски шампион објави дека Васко Атанасов и во следната сезона ќе биде прв тренер на МЗТ Скопје Аеродром.
Препорачано
Станува збор за 29-годишен перспективен стратег, одамна е дел од МЗТ, прво како дел од младинската школа, а потоа и како помошник во стручниот штаб.
По заминувањето на Драган Николиќ пред крајот на минатото првенство, Атанасов го прифати предизвикот и лидерската палка и успешно го доведе тимот до посакуваната шампионска титула – десетта во клупската историја.
Претходно водеше неколку екипи како прв тренер и тоа БАС Академи, Струмица и молдавскиот прволигаш Адмиралс.
Воедно дел од стручниот штаб на МЗТ од следната сезона ќе биде и повратникот во тимот, Никола Велев, кој се враќа во „сино-белиот“ табор по двегодишниот престој во ТФТ.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
55мин
-
56мин
-
1час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5