фото: EPA-EFE/MICHELE MARAVIGLIA

Аталанта ја одби понудата од 50 милиони евра за Едерсон

Фудбалскиот клуб Аталанта ја одби понудата на Манчестер јунајтед од 50 милиони евра за бразилскиот фудбалер Едерсон.

Италијанските медиуми пренесуваат дека првите луѓе на Аталанта на управата на англискиот клуб му кажале дека не сакаат да го продадат бразилскиот фудбалер, бидејќи сезоната во Серија А веќе започна.

Едерсон (25) пред две години пристигна во Аталанта од Салернитана за 23 милиони евра, а со клубот од Бергамо има договор до 30 јуни 2027 година.

Минатата сезона одигра 53 натпревари за споменатиот клуб и постигна седум гола, а со Аталанта ја освои и Лигата на Европа.

Едерсон за репрезентацијата на Бразил настапи на два натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот