АТА ќе настапи во живо на Канал 103

Отворањето на уште една концертна сезона на „Стотројка“ ќе биде одбележано со настап во живо на АТА, на 23 август, во 21 часот, во рамките на програмата на музичкото радио Канал 103.

АТА е љубов на прво слушање, посочуваат од Канал 103. Таа е копнеж преточен во женско музичко писмо во најдобрите подземни традиции на македонската музика. Длабокa меланхолиja и разоружувачки искрена лирика, чувства и ноти кои катарзично се ослободуваат.

АТА е музички проект на Атанасија Гулевска. Во 2021 нејзината демо песна „Лакримариум“ беше за првпат емитувана на Канал 103 и оттогаш е на постојана ротација. Неполна година подоцна, со нов и необјавен материјал, време е за деби концерт во бендовска формација, која ја сочинуваат Атанасија Гулевска (вокал), Андреја Салпе (гитара и електроника), Марко Печенковиќ (гитара) и Огнен Златанов (виолина и звучни ефекти), најавија од Канал 103.

Радио серијалот „Ако никој не свири“ е јавен музички сервис кој делува по принципите на самоорганизација и солидарност. Се емитува на „Стотројка“ од 2005 година и досега се реализирани повеќе од 200 концерти на домашни и странски бендови и артисти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!