фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Астана и Зимбру одиграа реми во првиот меч во Конференциската лига

Во првиот натпревар од второто квалифиакциско коло во Конференциската лига фудбалерите на Астана и Зимбру ремизираа со резултат 1:1.

По првото полувреме водеше гостинот, голот за молдавскиот претставник го реализираше Дахан во судиското надополнување (45+1`).

Во вториот дел екипата од Казахстан успеа да го избегне поразот преку Башиќ во 56 минута од средбата.

Реваншот помеѓу двата тима ќе се одигра на 31 јули од 19.00 часот во Кишинев.

Потсетување, победникот од овој двомеч во третото квалификациско коло на КЛ ќе игра против подобриот од дуелите меѓу Вардар и Лозана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот