Данела Арсовска / фото: Град Скопје

Арсовска: „Усје“ гори отпад без престан и прави милионски профити со кои корумпира со донации и спонзорства

Скопската градоначалничка Данела Арсовска уште еднаш ја обвини цементарницата „Усје“ дека без престан согорува отпад и го загадува воздухот во Скопје, а и по повеќе од две и пол години Обвинителството не одговара за кривичната пријава која таа и Град Скопје ја поднесоа околу ова.

„Еден од поголемите индустриски капацитети и загадувачи во Македонија, УСЈЕ се пофалиле дека ЌЕ ОРГАНИЗИРААТ КОКТЕЛ во чест на тоа што нема повеќе да можеме институционално да им го потврдуваме загадувањето, а друг никој немало да ги чепка. Знаете сите зошто не смее да се зборува за загадувањето во УСЈЕ, за кривичната пријава која ја поднесовме пред три години за која нема одговор од Обвинителство. Затоа што нè трујат од котлите кои им согоруваат отпад 24 часа, 7 дена во неделата, 365 дена во годината и така прават милионски профити со кои корумпираат со донации и спонзорства на сите страни!“, напиша Арсовска на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!