Данела Арсовска / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Арсовска и Советот не се по „мерка“ на скопјани, анкетата на ИРИ покажа големо незадоволство од нивната работа

Постојаните расправии помеѓу Советот на Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска, нефункционирањето на градот, незавршените проекти и неисполнување на ветеното во предизборната програма за модерно Скопје, сѐ повеќе го зголемува незадоволството на граѓаните, па и на оние кои на изборите гласаа за Арсовска и ја донесоа таму каде што е сега.

И покрај тоа што градоначалничката се пофали дека за една година сработила повеќе од 300 проекти, она со што скопјани се соочуваат во секојдневниот живот говори спротивно – градот е нечист, јавниот превоз никогаш не бил полош, а градот и понатаму високо котира на листата на најзагадени главни градови во светот.

Расположението на граѓаните кон градоначалничката и актуелниот советнички состав се покажа и во последната анкета на американскиот Меѓународен републикански институт (ИРИ), каде од 1207 испитаници дури 57 отсто се изјасниле како „целосно незадоволни или донекаде незадоволни“ од работата на Арсовска, а 54 отсто се незадоволни од работата на Советот на Град Скопје.

Од работата на Арсовска се целосно или донекаде задоволни 39 отсто од испитаниците, а за Советот на Град Скопје се изјасниле 30 проценти.

Во однос на тоа што е тоа што најмногу ги мачи скопјани, 21 отсто од испитаните граѓани како најголем проблем го споменале во анкетата е урбаното планирање и развојот. Загадувањето и јавната хигиена се подолу на листата со 8 и 4 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот