
Арсовска да размисли за поднесување оставка, вели Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ
Советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, Стефан Андоновски, вечерва изјави дека над 90% од програмата на градоначалничката Данела Арсовска била напишана од експерти и луѓе ангажирани од најголемата опозициска партија.
Препорачано
-Сметавме дека градоначалничката како профил и образование, може да се носи со предизвикот да биде главен менаџер на градот. Реализацијата на проектите можевме да ја видиме по третиот или четвртиот месец. По одредено време, видовме дека проектите стојат, реализацијата е мала, ситуациите се блокирани и видовме дека мора да бараме алтернатива како да си ги реализираме проектите. Видовме дека тоа не функционира и го задржуваме правото кое што го имаме од првата седница – дека ќе критикуваме тоа што не го бива. Граѓаните да бидат мирни, сите проекти кои што сме ги ветиле, планираме да ги испорачаме“, рече Андоновски и додаде:
-Како градоначалник Арсовска „од дрвата не ја гледа шумата“ и постојано се занимава со ситници, а не со проекти. Треба да размисли за понесување одговорност или оставка, рече Андоновски.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
2час
-
2час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5