Арнолд Шварценегер
Арнолд Шварценегер / Фото; EPA/DAVID DE LA PAZ

Арнолд Шварценегер доживеа сообраќајна несреќа во Лос Анџелес

Познатиот актер и поранешен гувернер на Калифорнија Арнолд Шварценегер доживеа сообраќајна несреќа во Лос Анџелес, потврди неговиот портпарол за Би-Би-Си.

Едно лице е повредено во судир на четири возила, потврди полицијата во Лос Анџелес. На фотографиите од местото на настанот се гледа како актерот стои во близина, што значи дека не е сериозно повреден во несреќата.

Од полицијата додаваат дека причина за несреќата не е возење под никаков вид опијати, а никој не е уапсен.

Портпаролот на актерот потврди дека актерот возел џип. Тој додаде дека актерот веднаш по несреќата контактирал со повредениот, како и дека во текот на истрагата соработувал со полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот