Висечки мост фото МИА

Архитектонско чудо – во Романија ќе се отвори третиот по големина висечки мост во Европа

Романската влада најави дека на крајот на јуни официјално ќе го отвори најголемиот висечки мост во земјата преку Дунав, пишуваат романските медиуми. Покрај тоа што ќе биде најголемиот висечки мост во земјата, овој мост ќе биде и трет по големина од ваков тип во Европа.

Мостот Браила, кој ќе ја минува реката Дунав, се наоѓа помеѓу градот Браила на истокот на Романија и областа Тулчеа, која се наоѓа на брегот на Црното Море. Покрај тоа што мостот ќе претставува нова врска меѓу градовите на истокот на Романија, значително ќе влијае и на врската меѓу оваа земја и соседна Молдавија.

„Создаваме притисок и им помагаме на изведувачите 27 јуни да биде датумот кога граѓаните официјално ќе можат да го преминат висечкиот мост. Само на мостот се истураат 14.000 тони асфалт“, изјави државниот министер за транспорт Јоне Скриостану.

Мостот е долг 1.974 метри со главен распон од 1.120 метри. За изградбата на овој мост се потрошени 52.360 тони челик и 297.000 тони бетон. Кога станува збор за цената на проектот, изградбата на висечкиот мост се проценува на 485 милиони евра, во кои е вклучено проектирањето и изградбата на мостот. Мостот Браилу ќе има четири ленти, ленти за итни случаи, патеки за пешаци и велосипеди. Од двете страни на мостот беа изградени два пристапни вијадукти долги 110 метри, пренесува Кликс.ба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот