Фото: EPA-EFE/Nicolas Rios

Аргентинецот Марсело Гаљардо ќе биде новиот тренер на Бензема во Ал-Итихад

Искусниот аргентински стратег, Марсело Гаљардо ќе биде новиот тренер на саудискиот клуб Ал-Итихад каде што прва ѕвезда е францускиот напаѓач, Карим Бензема

Откако му беше врачен отказ на Нуно Еспирито Санто, Саудијците тргнаа во потрага по негова замена, а на крајот изборот паднал на човекот кој долго време со успех ја водеше Ривер Плата.

Екс-тренерот на Ривер ја прифатил понудата од сопствениците на Ал-Итихад и ќе биде тренер на тимот кој ќе учествува на следното Светско клупско првенство.

Новинарот Сезар Луис Мерло најави дека Гаљардо во наредните денови ќе отпатува во Саудиска Арабија каде што и официјално ќе биде претставен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот