Аргентина почна испитување за лекување на ковид-19 со серум од антитела на коњ

Серумот што го произведува биотехнолошката компанија „Имунова”, се добива со вбризгување на протеин на САРС-Ков-2, што предзвикува коњот да создава големо количетво на неутрализирачки антитела.

Во Аргентина почнаа клиничко испитување на лекување на Ковид-19 со хиперимун серум развиен од антитела на коњ.

Серумот што го произведува биотехнолошката компанија „Имунова”, се добива со вбризгување на протеин на САРС-Ков-2, што предзвикува коњот да создава големо количетво на неутрализирачки антитела. Потоа плазмата се екстрахира од коњот, се прочистува и обработува.

По позитивните резултати од лабараториските тестови, во клиничките испитувања на ефикасноса на серумот учествуваа 242 лица, кај кои беше дијагностициран новиот коронавирус од умерен до тежок облик.

Првите резултати се очекуваат во октомври, најдоцна во ноември.

Во Аргентина регистрирани се речиси 175.000 инфицирани лица со Ковид-19, од кои починале околу 3.200 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот