
Апсења во Кина за спречување на погон на индустријата на лажни вести
Максимална затворска казна од 10 години му се заканува на кинески граѓанин кој користејќи четбот на OpenAI со кој креирал повеќе варијации на вести во кои лажно известувал за наводна трагична железничка несреќа во Кина која се случи неодамна. На овој начин кинескиот граѓанин од северната провинција Гансу, го прекршил новиот закон на својата земја наменет за превенирање на дезинформациите.
Максимална затворска казна од 10 години му се заканува на кинески граѓанин кој користејќи четбот на OpenAI креирал повеќе варијации на вести во кои лажно известувал за наводна трагична железничка несреќа во Кина која се случи неодамна. На овој начин кинескиот граѓанин од северната провинција Гансу, го прекршил новиот закон на својата земја наменет за превенирање на дезинформациите.
Препорачано
Според инфорамциите публикувани од кинескиот портал “South China Morning Post”, приведувањето на лицето е прв глобален случај од овој вид, во кој лице користејќи платформа на вештачка интелигенција ќе одговара пред законот за креирање на дезинформации и ширење на лажни вести.
Медиумите од Кина пишуваат дека полициското соопштение за настанот, информира дека осомничениот, е идентификуван во јавноста единствено со неговото презимето – Хонг, и тој се сомничи дека генерирал стотици вести во кои опишува фатална железничка трагедија, ширејќи паника меѓу населението.
Според властите, полицијата започнала истрага за настанот веднаш по дојавата за лажните вести 25-ти април.
– Вестите биле публикувани на мноштво од локални интерент платформи во различни верзии на истата приказна, и истите се дистрибуирани од компјутери на различни IP локации во државата, дополнително дезинформациите се објавени и на 20 дополнителни блог профили на платформата „Баиџиахао“ која припаѓа на сервисот Баиду. Во серијата на публикации на дезинформацијата регистриан е и случајот во кој оваа вест била прочитана повеќе од 150.000 пати пред да биде остранета од веб страницата. На овој начин осомничениот Хонг, извршил масовна пропаганда во Кина ширејќи дезинформации – се вели во полициското соопштение пренесено од кинеските медиуми.
Во меѓувреме, во светло на овој популарен настан во Кина се заоштрува јавната дебата дали државата треба да ги засили своите мерки во забрана на употребата на ChatGPT на своја територија. Досега, иако само формално е противзаконски да се користи ChatGPT во Кина сепак корисниците на интернет во земјата можат со леснотија да ја заобиколат блокадата на страницата користејќи некој од бројните сервисите за VPN конекција.
Кина креира вештачка интелигенција која ќе ги одразува вредностите на социјализмот

Кинеските власти во битката со дезинформациите, се вели во веста публикувана од националната телевизија, ја користат можноста да креираат законски регулативи со кои при изработка на програмите од Вештачка Интелигеција слични на ChatGPT ќе се дистрибуирани вредностите на Социјализмот а со тоа и ќе се намалат штетните влијанија на дезинформациите.
Според „Си-ен-би-си“ на овој начин државата се обидува да ја спречи Вештачка Интелигенција да не ја поткопува државната моќ, и да ги превенира обидите за соборување на социјалистичкиот систем и националното единство. Дополнително законските измени ќе спречат и промовирањето на тероризам, екстремизам или етничка омраза со овие програми а во овој пакет на дејзтвија велгува и превенцијата на дистрибуција на лажните информации или содржина кои што може да го нарушат економскиот и социјалниот поредок на Кина. Овие политики за Вештачката Интелигенција се само продолжување на серија на досегашни владини ограничувања кои го ограничуваат Интернетот во кој Кина веќе изгради засебен онлајн еко-систем на апликации и услуги. За потсетување досега во оваа земја се забранети и спречени т.н. западни интенрет пребарувачи, социјални медиуми со што се формираше клима која овозможува домашните компании да доминираат во овој простор без странска конкуренција.
Како машините станаа најголеми фабрикатори на алтернативен медиумски универзум
Во меѓувреме американските медиуми пишуваат дека лажни и непроверени вести создадени од машини со вештачка интелигенција сѐ помасовно го заплиснуваат медиумскиот простор, кој веќе е затруен од фабрикувани дезинформации, главно заради пропагандни цели.
Американската организација Њузгард, која открива и следи мрежи за сеење лажни информации на интернет, предупреди дека се регистрирани 49 портали што се декларираат како информативни, а чии содржини целосно се креирани од машини со вештачка интелигенција, без каков било придонес или проверка од новинари. На овие портали лажни вести се претставуваат како факти, при што корисниците тешко може да распознаат дека содржината ја креирале компјутерски апликации, а не репортери што известуваат за настан.
„Претседателот е мртов. Џо Бајден почина мирно, на спиење. (Потпретседателката Камала) Харис ги презеде претседателските обврски и ќе ѝ се обрати на нацијата во 9 часот“, е наведен како типичен пример за дезинформирање на еден од порталите на кои софтверот генерира вести. Над сите содржини на порталот е истакнато типичното објаснување што го даваат софтвери со вештачка интелигенција: „Жалам, но не можам да го комплетирам барањето на проверка, бидејќи е против политиката за генерирање залажувачки информации“.
Њузгард укажува дека речиси сите содржини на посочениот сајт целосно се напишани од софтвер со вештачка интелигенција. На сајтот секој ден се објавуваат стотици вести што содржат лажни информации. Просторот покрај нив е преполн со реклами, што укажува дека целта на администраторите е со провокативни содржини да привлечат читаност за да продадат рекламен простор. Изворот на вестите не е јасно посочен, а честопати се илустрираат со случајно избрани или фабрикувани фотографии.
– Се остварува загриженоста на експертите дека софтвер со вештачка интелигенција може да генерира вести како да е новинска организација. Тешко е да се замисли некој да поверува во ова. Ако Бајден навистина умрел, „Њујорк тајмс“ веројатно ќе објавел – наведува организацијата.
Иако веројатно никој не верува во вистинитоста на содржините што сега се објавуваат на ваквите сајтови, за експертите е загрижувачко тоа што генерираните лажни вести може да бидат вклучени во базата на информации за другите информативни софтвери во иднина, при што би биле прифатени како факти.
Читателите се ловат со „заразни“ наслови
Вештачките медиумски портали вообичаено се полни со содржини што се покажале како „заразни“, текстови со наслови како „Зошто спиеме кога сонуваме?“, „Дали зевањето е заразно? Десет вчудовидувачки научни факти“ или „Зошто кучињата јадат трева?“. Само некои од администраторите признаваат дека се служат со софтвер со вештачка интелигенција, но само за „преуредување стари содржини што никој повеќе не ги чита“ или за „ситуации во кои се екстремно потребни“. Кај сите 49 издвоени сомнителни медиумски сајтови, на седум јазици (англиски, кинески, чешки, француски, португалски, тагалошки и тајски), имало барем по една вест со грешки што се типични за виртуелните соговорници како четџипити, што ги потврдува сомневањата дека сите или повеќето содржини се генерирани од машина. Тоа не претставува проблем за стекнување голема читаност. Еден од издвоените сајтови собрал 124.000 следбеници на својот профил на Фејсбук.