
Антверп и ФК Копенхаген поблиску до групите во Лигата на шампионите
Во првиот натпревар од плеј-офот како последна пречка за влез во групите на Лигата на шампионите, екипата на Антверп на домашен терен го совлада АЕК од Атина со 1:0.
Препорачано
Белгијците дојдоа до победата благодарение на погодокот на холандскиот интернационалец Јансен во 16 минута. Домаќините од 51 минута играа со фудбалер поради црвениот картон на Батаиј, но успеаја до крајот на мечот да ја задржат предноста.
Со истиот резултат славеше и данскиот ФК Копенхаген на гостувањето кај полскиот Ракув, автогол во деветтата минута си постигна Раковитан.
Најмногу голови имаше на дуелот помеѓу Ренџерс и ПСВ со резултат 2:2. По првиот дел во позитива беа Шкотите со голот на Сима во 45 минута.
Сангаре во 61 минута се погрижи за израмнување, потоа Матондо во 78 минута донесе нова предност за Ренџерс, а Холанѓаните го избегнаа поразот во 80 минута преку де Јонг.
Реванш средбите ќе се играат на 30 август, победниците ќе играат во групната фаза на ЛШ, а поразените ќе продолжат во групите на Лига Европа.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
20мин
-
32мин
-
57мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5