Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Антонио Кошта упати честитки по повод Денот на независноста на Македонија

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денеска упати честитки до граѓаните и властите на Македонија по повод Денот на независноста.

„По повод националниот ден на Северна Македонија, упатувам срдечни честитки до нејзиниот народ и власти“, напиша Кошта во својата објава на социјалната мрежа Икс.

Тој додава дека Европската унија останува посветена на заедничката иднина и на европскиот пат на земјата, нагласувајќи ја поддршката за интеграцијата на земјата во европското семејство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот