Ања Тејлор Џој и Малком Мекреј / Фото: Zabulon Laurent/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Ања Тејлор Џој доживеала хорор! Крадци насилно упаднале во спалната соба на актерката додека била со сопругот

Холивудската актерка Ања Тејлор Џој и нејзиниот сопруг Малколм Мекреј, познат рок-музичар, доживеале неверојатен шок откако биле изложени на застрашувачки грабеж од маскирани крадци кои насилно влегле во замок во Лондон. Крадците нaводно дури се обиделе да упаднат во спалната соба каде што во тој момент престојувал парот, пишува „Дејли мејл“.

Овој настан се случил на 12 февруари 2023 година, но информации и детали за инцидентот дури сега се објавени во светските медиуми, откако судијата задолжен за случајот ги укинал ограничувањата за новинарите.

Како што пренесуваат медиумите, Ања Тејлор Џој и Малколм Мекреј во тоа време престојувале на имотот во северен Лондон заедно со Кејн Ришот, колегата на Малком од бендот „Морет“. Имотот и вилата не се во сопственост на сопружниците, туку на други познати личности чии имиња не можат да се обелоденат од правни причини.

Тројката била потресена од инцидентот, но никој од нив не бил телесно повреден. Само една недела подоцна, Ања се појави на црвениот тепих на филмските награди БАФТА во Лондон.

Еден од двајцата осомничени крадци е Кирк Холдрик, кој во 2022 година имал афера со британската реалити ѕвезда Хана Војан, а моментално е во притвор. Тој се изјаснил за невин за кражбата.

ФОТО+ВИДЕО | Ања Тејлор Џој потврди дека тајно се омажила: Им послужиле торта во форма на човечко срце на гостите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!