Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Англија е најскапата репрезентација на Европското првенство, само уште две селекции вредат над милијарда евра

Според цените на фудбалерите репрезентацијата на Англија е селекцијата со најголема вредност на Европското првенство.

Ако се гледаат цените на „Трансфермаркт“ вкупната вредност на англиските фудбалери изнесува 1.52. милијарда евра.

Веднаш зад Англичаните се Французите со вредност од 1.23 милијарди евра, па Португалија со 1.05 милијарда евра. Тоа се трите селекции со вредност над милијарда.

Шпанија е четврта со 965 милиони евра, следи Германија со 851 милиони евра, па Холандиај (815), Италија (705), Белгија (584)….

Индивидуално најскапи фудбалери се Килијан Мбапе и Џуд Белингем со вредност од по 180 милиони евра.

Фото: Screenshot/Transfermarkt

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот