Англичаните направија историска промена во ФА Купот

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Англискиот ФА Куп е најстарото натпреварување на Островот, но истовремено и едно од најценетите. Како куп кој носи поголем престиж од Лига Купот завршницата секогаш ја има на крајот од сезоната.

Пред завршните возбудувања на „Вембли“ каде што ќе се играат полуфиналињата и финалето пристигна вест за една промена со почеток од наредната сезона.

Промената ќе ги израдува сите клубови. Имено, од наредната сезона при нерешен резултат нема да се игра нов натпревар како што беше случај досега и се ќе се одлучува во еден натпревар.

Правилото ќе важи од првото коло до самата завршницата, а најмногу ќе профитираат премиерлигашите бидејќи не би играле дополнителни натпревари во и онака густиот распоред.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот