
Анѓелка Прпиќ го прекина молкот: Актерката ќе застане пред матичар со најдобриот пријател на поранешниот сопруг
За приватниот живот на актерката Анѓелка Прпиќ на големо се зборува со недели. Веста за бременоста и врската со блискиот пријател на поранешниот сопруг Дарио Прпиќ изненади многумина. Српската актерка решила тајно да се омажи за својот партнер Марко Ж, со кој за неколку месеци очекува принова.
Препорачано
View this post on Instagram
Анѓелка веќе извесно време ја планирала венчавката со несудениот кум на нејзиниот поранешен сопруг Дарио Прпиќ, а подготовките се убрзале кога дознала дека е во блажена состојба и дека наскоро повторно ќе стане мајка, пишува Курир.рс
View this post on Instagram
Анѓелка нема пречки повторно да застане на лудиот камен. Таа е законски разведена, па затоа е слободна жена. Кога дознала дека е бремена, таа и Марко се договориле наскоро да се венчаат и тоа да го направат во тајност бидејќи биле на врвот на насловите во медиумите и на социјалните мрежи. Освен тоа, на нејзиниот партнер наводно многу му пречи што се презива Прпиќ, па се договориле на свадбата да го земе неговото презиме – изјавил извор близок на актерката за споменатиот медиум.

Анѓелка по сите случувања конечно се огласи на социјалните мрежи и откри како се чувствува.

„Се е добро и ќе биде уште подобро“ – гласи објавата што актерката ја сподели на Инстаграм.
Откриени детали за разводот: Жешка сцена ѝ го уништи бракот на Анѓелка Прпиќ