Анита Ангеловска-Бежоска/ Фото: НБРСМ

Ангеловска-Бежоска: Финансиската вклученост на жените клучен фактор за економски напредок

Во 2021 година разликата во поседувањето платежни сметки меѓу мажите и жените на светско ниво се намалила на 6 процентни поени, но сè уште има поголема веројатност дека жените ќе располагаат со неактивни сметки и ќе имаат помал пристап до финансиски услуги. Слична е состојбата и во земјава. Иако е забележано подобрување, родовиот јаз во пристапот до финансии сè уште постои. Според последните податоци, во 2021 година 79,9 отсто од жените и 90,6 проценти од мажите во Северна Македонија поседувале платежна сметка. Овој родов јаз од 10,7 процентни поени е значително поголем од просекот во Европа и Централна Азија каде што изнесува 3,2 процентни поена. Овие податоци не се само статистика, тие се јасен показател дека е неопходно да се преземат натамошни мерки за подобрување на финансиската вклученост на жените, вели гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

Во интервју за веб-порталот „Пари.мк“, Ангеловска-Бежоска нагласува дека пристапот до финансии е од големо значење за економската независност, за подобро управување со личните и семејните финансии, како и за создавање посигурна иднина.

Родовата нееднаквост, потенцира гувернерката, е едно од светските прашања за кои мора постојано да се зборува и да се преземаат активности. Според истражувањата на Светската банка, иако во последната деценија има одреден напредок, родовиот јаз кај сопственоста на сметките во економиите во развој и натаму е значителен.

-Пристапот до финансиски услуги создава можности за претприемаштво, инвестирање и активно учество во економијата. Достапноста до банкарски услуги, кредити и штедење придонесува за намалување на економските разлики и создавање подобри услови за живот на жените и нивните заедници. Исто така, родовата рамноправност во финансискиот сектор носи придобивки како за жените, така и за општеството во целост, преку поттикнување на економскиот раст и напредок. За да се надмине овој предизвик, треба да се направат промени во корпоративните политики, да се зголеми заложбата за финансиско образование и да се поттикне поголема застапеност на жените во лидерски улоги. Жените сè повеќе го освојуваат финансискиот свет, но за вистинска еднаквост е неопходно системско справување со препреките поради кои долги години биле на маргините – напоменува Ангеловска-Бежоска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот