Стојанче Ангелов кај пожарот во „Јасен“ / Фото: ДЗС

Ангелов: Изгаснат е пожарот во депонијата кај Арачиново

Пожарот во депонијата кај Арачиново е изгаснат, но сè уште може да се види чадење, информираше утрово директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

„По неколкучасовно гаснење со специјална пена скопските пожарникари успеаја целосно да го изгаснат огнот во депонијата кај Арачиново иако сè уште може да се забележи чадење од неколку места“, изјави Ангелов.

Тој синоќа информира дека на депонијата во Арачиново е фрлена поголема количина пакуван сончоглед што гори со силен пламен, додавајќи дека пожарот е подметнат.

„Оваа депонија има ограда и влезна врата, но скопските пожарникари ја затекнале отворена. Во неа има фрлено поголема количина пакуван сончоглед кој гори со силен пламен, но и други горливи производи“,изјави Ангелов.

Тој рече дека намерно запалениот сончоглед распалил дел од депонијата, и дека смрдеата од овој пожар се чувствува и во Скопје.

ВИДЕО: Ангелов вели дека некој расфрлил пакуван сончоглед и намерно го запалил на депонија во Арачиново

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот