Стојанче Ангелов / Утрински брифинг
Стојанче Ангелов / Утрински брифинг

Ангелов: Да не се исклучува струја во кулите на Џевахир, некој може да биде повреден

Апелираме до ЕВН и до управителите на зградите да не се повтори исклучување на струја во висококатниците, бидејќи постои можност да дојде до несакани последици за луѓето кои би останале заглавени во лифтовите, рече на денешната прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, откако утринава била исклучена струјата во една од кулите на Џевахир скај сити.

Ангелов посочи дека откако снемало струја во оваа кула, неофицијално бремена жена останала заглавена во лифт и порача да се изнајде решение за да не се дојде повторно во ваква ситуација, бидејќи постои можност некој да се повреди.

Денеска околу 9.45 часот снемало струја во кулата Б на Џевахир скај сити, една од високите 40-катници во Скопје. Од страна на неколку граѓани дојде информацијата до Центарот за управување со кризи, по што од Секторот за операции и координации, конкретно РЦУК Скопје, е стапено во контакт со ЕВН. Најпрвин им било одговорено дека поради техничка неисправност на ниско напонската мрежа дошло до прекин на електричната енергија во висококатницата Б – појасни Ангелов.

Нешто подоцна, како што рече, биле известени дека исклучувањето се случило поради неплатени сметки.

Со ЕВН е стапено усно во комуникација. Џевахир скај сити кулите, вклучително и кулата Б, се високи 40 ката. Без да навлегуваме во имотно правните побарувања и обврски меѓу ЕВН и кулата Б од Џевахир скај сити, конкретно управителите кои ја стопанистуваат оваа кула, апелираме до ЕВН и до управителите да не дозволат да се повтори ваква состојба, бидејќи хипотетички во оваа четириесеткатница, во некои од лифтовите, може некој да остане заглавен. Не треба да чекаме некој да настрада, да биде повреден, за навремено да се реагира – рече Ангелов
.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот