фото: instagram.com/judo_north.macedonia

Ангел Радевски поразен во првото коло на џудо турнирот на ЕМОФ 2025

Денеска е вториот ден од Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025 на кој ќе настапуваат и македонските џудисти.

Првиот од нив беше Ангел Радевски кој во категоријата -50 кг. претрпе пораз во првото коло од Рза Халили од Азербејџан со резултат 21:0 во спортскиот центар „Јане Сандански“.

Во репасажот Радевски загуби и во мечот против Унгарецот Милан Шабо. Повеќе ТУКА

На 23 јули во 10.10 часот во категоријата -66 кг. Марко Панчевски за противник го има Рони Решитај од Косово во првото коло, потоа во 11.00 часот во категоријата -52 кг. Дариа Јованова на стартот ќе се бори против Еја Виборг од Исланд, а во 11.05 часот во категоријата -48 кг. Анамарија Стојмиловска за противничка ќе ја има Селин Идир од Франција.

На 24 јули во 10.15 часот во категоријата -73 кг. во првото коло Антонио Стојчевски ќе ги одмери силите против Тигран Сариханјан од Ерменија, додека во категоријата -81 кг. Никола Петров ќе се соочи против Амин Мехдијев од Азербејџан (10.55 часот).

Џудо репрезентацијата на Македонија на ЕМОФ 2025 е предводена од тренерите Игор Паскоски и Александар Фузевски.

Настапот на ЕМОФ Скопје 2025 не е само спортски настан, туку и симбол на сонот, дисциплината и посветеноста на овие млади таленти. Тие се иднината на македонскиот спорт и амбасадори на нашата култура, вредности и спортски дух.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот