Фото: Јутјуб/Принтксрин

Анџелина Џоли, Шер, Синди Крафорд, беа само дел од убавиците кои ги љубеше Вал Килмер, а последните 20 години ги помина сам

На 65 годишна возраст почина Вал Килмер, легендарниот холивудски актер. Причината за смртта била пневмонија, потврди неговата ќерка Мерцедес Килмер. Актерот, чии улоги како Ајсмен во „Топ Ган“ или Бетмен одбележаа генерации, а беше познат и по неговиот бурен љубовен живот, како и по неговите филмски успеси.

Иако со децении беше поврзуван со некои од најпознатите жени во светот, патот на Килмер низ љубовните врски беше сложен, обележан со еден брак, страсни романси, болни раскинувања и како што самиот признал во своите мемоари, долги периоди на осаменост.

Само еднаш застана пред олтарот

И покрај бројните врски, Вал Килмер само еднаш се заколна на вечна љубов. Тој ја запознал актерката Џоан Вели на сетот на филмот „Врба“ во 1988 година, а истата година се венчале во Ново Мексико, поминувајќи го медениот месец на островот на Марлон Брандо на Тахити. Двојката имаше две деца, ќерката Мерцедес, родена во 1991 година и синот Џек, роден во 1995 година. За жал, бракот не траеше и се разделија по осум години.

Како што објавија странските медиуми, разделбата била турбулентна, обележана со борба околу старателството и финансиите, откако наводно славата на Килмер станала преголем товар за семејството.

И покрај тешкиот развод, Килмер остана исклучително близок со своите деца. Мерцедес и Џек тргнаа по стапките на нивните родители во актерството. Тие му беа голема поддршка на нивниот татко за време на неговата битка со ракот на грлото, и двајцата учествуваа како копродуценти во трогателниот документарен филм за неговиот живот, „Вал“ (2021), при што Џек го позајмуваше својот глас за нарацијата на местото на неговиот татко, чиј говор беше нарушен од болеста.

Шер му беше голем поддржувач

Една од неговите најпознати врски беше онаа со музичката икона Шер. Тие се запознале во раните 80-ти на нејзиниот роденден. Иако Шер била 14 години постара, тие биле, „лудо вљубени“ за време на нивната врска, која траела од 1982 до 1984 година. Таа призна дека врската прекинала бидејќи и двајцата биле „алфа мажи“, силни личности кои не попуштаат. Сепак, тие останале блиски пријатели. Шер му беше огромен поддржувач за време на неговата битка со ракот на грлото во 2014 година, дури и го пречека во нејзината куќа за гости.

Килмер во своите мемоари опиша како успеала да го насмее и во најтешките моменти, коментирајќи го изгледот на згодниот болничар додека тој повраќа крв.

„Штом Шер ќе ви влезе во главата и срцето, таа никогаш не заминува“, напиша Килмер.

Синди Крафорд го шармирала

По разводот со Вели, Килмер беше во врска со супермоделот Синди Крафорд од 1996 до 1997 година. Тие се запознаа на премиерата на филмот „Бетмен засекогаш“.

Во своите мемоари со нескриено задоволство напишал за неа: „О Боже, ја сакав Синди и само продолжив да ја сакам, мислев дека може да умрам од нејзината љубов бидејќи нејзината радост беше преголема за поднесување“.

Ја опиша како паметна девојка со одлична смисла за хумор и фантастична готвачка.

„Анџелина Џоли ме спаси од осаменост“

Со Анџелина Џоли го поврзуваа во 2004 година, додека го снимаа филмот „Александар Велики“, непосредно пред нејзината врска со Бред Пит.

„Едвај чекав да ја бакнам Енџи, да ѝ купам авион „Галфстрим“ … напиша Килмер, опишувајќи ја како „најдуховна и најсериозна од сите“. Тој тврдеше дека Џоли „го спасила од ледената печка на осаменоста“.

„Кога луѓето ме прашуваат каква е Анџелина, јас секогаш велам дека е како другите жени и суперѕвезди, само поголема“, додаде тој.

Дерил Хана остави посебен печат

Од сите љубовни бродоломи, Килмер го опиша раскинувањето со актерката Дерил Хана како најтешко. Тие биле во врска во 2001 година откако заедно работеле на филм. Иако врската не траела долго, Хана очигледно оставила длабока трага.

„Господ знае дека страдав од скршено срце. Но, раскинувањето со Дерил беше убедливо најболно од сите“, напиша тој во книгата, додавајќи дека плачел секој ден половина година по раскинувањето. Тој признал дека бил разочаран кога таа се омажила за музичарот Нил Јанг во 2018 година.

И покрај љубовните врски со најубавите жени во светот, Килмер ги шокираше сите со својата исповед во своите мемоари од 2020 година:

„Немав девојка речиси 20 години. Вистината е дека секој ден сум осамен“.

По битката со ракот на грлото, кој му го промени гласот и животот, актерот се сврте кон други приоритети. Неговиот фокус се префрли на уметноста (тој почна да создава уметнички дела кои беа доста барани), неговата основа и духовен раст, беа насочени кон христијанството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот