Андреас Трајковски ќе настапи на Светското првенство во сала во Глазгов

Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски/фото: АК Работнички

Во Глазгов, Шкотска започна Светското првенство во атлетика во сала кое ќе трае до 3 март (недела).

Андреас Трајковски е единствениот претставник од Македонија на ова првенство.

Нашиот натпреварувач е еден од 16 атлетичари кои ќе настапат во финалето во скок во далечина, кое на програмата е денеска со почеток во 11.00 часот по македонско време.

Македонскиот рекорд во сала во скок во далечина е во сопственост на Трајковски и изнесува 7,79 метри, поставен оваа година на Балканијадата во Истанбул, Турција, кога го освои сребрениот медал.

Неговиот рекорд и воедно македонски рекорд на отворено изнесува 7,91 метри, поставен минатото лето во Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот