Фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Андреа Пирло ќе води клуб од Обединетите Арапски Емирати

Италијанската фудбалска легенда Андреа Пирло (46) ќе ја продолжи својата тренерска кариера во Обединетите Арапски Емирати.

Тој потпиша договор со Јунајтед ФК, а веста беше официјално потврдена од клубот.

Пирло веќе е во Дубаи и ќе почне да работи со тимот во наредните денови, додека продолжуваат подготовките за новата сезона.

Претходно соработуваше со Јувентус, Фатих Караѓумрук и Сампдорија.

– Горди сме што го пречекуваме Андреа во семејството на Јунајтед ФК. Тој ги отелотворува вредностите и амбициите на нашиот клуб и веруваме дека ќе биде клучна фигура во тоа да нè однесе на следното ниво – рече претседателот на клубот Илие Чебану.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот