фото: EPA/ADAM VAUGHAN

Андре Онана на позајмица од Манчестер јунајтед во Трабзонспор

Како што и се најавуваше, тоа стана и официјално, англискиот фудбалски клуб Манчестер јунајтед потврди дека голманот Андре Онана (29) во сезоната 2025/26 ќе игра на позајмица во Трабзонспор од Турција.

Камерунскиот репрезентативец има одиграно 102 натпревари за „црвените“ откако дојде од италијанскиот гигант Интер во јули 2023 година.

Во својата прва сезона во Јунајтед, Андре беше дел од тимот што го освои ФА Купот на „Емирати“ по победата од 2:1 над Манчестер сити на стадионот „Вембли“.

Онана запиша 50 настапи во својата втора сезона, а сега чуварот на мрежата се согласи на позајмица во Трабзонспор.

Позајмицата беше комплетирана пред затворањето на турскиот преоден рок во петок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот