Фото: EPA-EFE/ANTONIO LACERDA

Анчелоти претставен во Бразил, Италијанецот го објави и првиот список на фудбалери

Италијанскиот фудбалски стратег Карло Анчелоти и официјално е промовиран како нов селектор на бразилската фудбалска репрезентација. На прес-конференција во Рио де Жанеиро, пред повеќе од 250 новинари, искусниот тренер изрази гордост што ќе ја води една од најпрестижните фудбалски нации во светот.

„Почестен сум и горд што ќе бидам на чело на најдобриот национален тим во светот. Пред мене е голема задача, но подготвен сум“, изјави 65-годишниот Анчелоти, кој на оваа позиција доаѓа на местото на Доривал Жуниор, кој беше отпуштен по поразот од Аргентина (4-1) во квалификациите за СП 2026.

Анчелоти беше пречекан од поранешниот селектор Луис Фелипе Сколари, а од првиот ден покажа одлучност да го врати бразилскиот фудбал на светскиот трон.

„Предизвикот е голем. Отсекогаш сум имал посебна врска со оваа селекција. Ќе работиме напорно за Бразил повторно да стане светски шампион“, најави Италијанецот.

Бразил моментално се наоѓа на четвртата позиција во јужноамериканските квалификации, а шестте најдобри селекции директно ќе се пласираат на Светското првенство. Анчелоти ќе дебитира на селекторската клупа во јуни против Еквадор и Парагвај.

За тие натпревари тој веќе го објави списокот со 25 фудбалери на кој го нема Нејмар. Некогашната ѕвезда на Барселона и ПСЖ, кој неодамна се врати во Сантос, беше отсутен пет недели поради повреда, но се врати на теренот минатата недела.

„Избрав играчи кои моментално се во добра форма. Нејмар штотуку се врати од повреда, сите знаеме колку е важен играч и секако сметаме на него во иднина“, истакна Анчелоти.

Список на повикани фудбалери:

Голмани:

  • Алисон (Ливерпул)

  • Бенто (Ал-Наср)

  • Уго Соуса (Коринтијанс)

Одбрана:

  • Данило (Фламенго)

  • Вандерсон (Монако)

  • Алекс Сандро (Фламенго)

  • Карлос Аугусто (Интер)

  • Веслеј (Фламенго)

  • Александро (Лил)

  • Бералдо (ПСЖ)

  • Лео Ортиз (Фламенго)

  • Маркињос (ПСЖ)

Среден ред:

  • Андреас Переира (Фулам)

  • Андреј Сантос (Стразбур)

  • Бруно Гимараеш (Њукасл)

  • Каземиро (Манчестер Јунајтед)

  • Едерсон (Аталанта)

  • Герсон (Фламенго)

Напад:

  • Антони (Бетис)

  • Естевао (Палмеирас)

  • Габриел Мартинели (Арсенал)

  • Матеус Куња (Вулвс)

  • Рафинја (Барселона)

  • Ричарлисон (Тотенхем)

  • Винисиус Жуниор (Реал Мадрид)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот