
Анчелоти пред финалето во ЛШ: Аталанта треба да биде предупредување за сите, не само за Реал Мадрид
В сабота од 21.00 часот на стадионот „Вембли“ во Лондон ќе се игра финалето од фудбалската Лига на шампионите меѓу екипите на Реал Мадрид и Борусија Дортмунд.
Препорачано
Шпанскиот клуб на хартија е фаворит против Германците, но тренерот на „Кралевите“ Карло Анчелоти не размислува така.
Трофејот на четвртопласираната од Серија А Аталанта во Лигата на Европа во финалето (3:0) против германскиот шампион Баер Леверкузен кој беше непоразен во тамошното првенство, треба да биде предупредување за играчите на италијанскиот стратег дека треба максимално сериозно да пристапат во дуелот против „милионерите“.
– Сега можеби има чувство дека сме фаворити во финалето против Борусија. Но, успехот на Аталанта беше предупредување за сите, не само за нас – рече Анчелоти во интервјуто за „Ел Чирингито“.
Реал Мадрид до сега има најмногу титули во ЛШ, вкупно 14, додека Борусија Дортмунд ќе го игра своето трето финале во најквалитетното европско клупско натпреварување, во 1997 славеше над Јувентус (3:1), а во 2013 година загуби од Баерн Минхен (2:1).
За првпат по повеќе од две децении во тимот на Реал Мадрид ќе нема ниту еден Зидан