фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Анчелоти ќе биде нов селектор на Бразил на крајот од сезоната

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, е многу блиску до преземање на бразилската фудбалската репрезентација, објави денес британската телевизија Скај Спортс. Изворот потврди дека преговорите меѓу двете страни ќе продолжат во мај.

Анчелоти е на радарот на Бразилската фудбалска конфедерација од крајот на Светското првенство во 2022 година. Конфедерацијата се надева дека Анчелоти би можел да го предводи тимот уште во јунските квалификации за Светското првенство во 2026 година.

Анчелоти има договор со Реал Мадрид до јуни следната година, но сè поверојатно е дека ќе го напушти Мадрид на крајот од тековната сезона, пред Светското клупско првенство.

По неуспехот на Светското првенство во 2022 година во Катар, Бразил имаше три селектори, од кои последниот беше Доривал Жуниор, кој беше отпуштен во март по само седум победи во 16 натпревари.

Бразил има учинок од 6-3-5 во 14 квалификациски натпревари за Светското првенство што ќе се игра следното лето во САД, Мексико и Канада, а со четири кола што остануваат во квалификациите, теоретски сè уште нема загарантирано место на Мундијалот, но сигурно е дека петкратниот светски шампион ќе се квалификува за следното СП. Бразил ја освои последната од своите пет титули светски шампион во 2002 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!