фото: EPA-EFE/Julio Munoz

Анчелоти голем и во поразот: Бетис беше подобар од Реал Мадрид

Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Карло Анчелоти покажа дека е одличен и кога губи. И покрај раното водство, „Кралскиот“ клуб беше неочекувано поразен на гостувањето во Севиља. Бетис успеа да направи пресврт и да победи со 2:1 во натпреварот од 26. коло во Ла Лига.

Анчелоти, беше свесен за лошиот настап на неговиот тим на овој натпревар:

– Лош натпревар. Почнавме добро, но после тоа немавме иста посветеност. Ја загубивме контролата на натпреварот против тим кој одигра подобро од нас и заслужи победи.

Ова е тежок удар на кој мораме да одговориме. Немаме никој да обвинуваме освен самите себе. Ја загубивме топката 27 пати во првото полувреме и Бетис успеа да се врати во игра – изјави италијанскиот тренер за шпанските медиуми.

По овој пораз и победата на Атлетико Мадрид, Реал Мадрид падна на третото место на табелата. Градскиот ривал е прв со 56 бода, два повеќе од Реал и Барселона, која допрва треба да го одигра мечот од 26 коло.

Анчелоти и неговиот тим ќе имаат шанса да се поправат веќе во вторник кога ќе ги чека големото мадридско дерби против Атлетико, но во осминафиналето од Лигата на шампионите. Првиот натпревар ќе се игра на стадионот на Реал, Бернабеу, а реваншот на 12 март на Метрополитано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот