Фото: Принтскрин/Јутјуб

Ана Курникова и Енрике Иглесијас го очекуваат четвртото дете! Претходните три – не знаеш кое е поубаво

Поранешната руска тенисерка Ана Курникова и шпанскиот пејач Енрике Иглесијас повторно ќе станат родители – славниот пар го очекува своето четврто дете!

Енрике Иглесијас и Ана Курникова повторно го зголемуваат своето семејство! Парот, кој веќе има три деца, го очекува своето четврто бебе подоцна оваа година. Пејачот, која наполни 50 години во мај, и пензионираната тениска ѕвезда која има 44 години, се пресреќни поради бременоста, рекол извор близок до парот за „Хола!“.

Романсата меѓу Ана Курникова и Енрике Иглесијас започна уште во 2001 година во текот на снимањето на видеото за песната „Escape“, а оттогаш тие се сметаат за еден од најубавите и најстабилните парови во светскиот шоубизнис.

По години заеднички живот, во 2017 година Ана роди близнаци – синот Николас и ќерката Луси, додека во 2020 година семејството стана побогато за уште една ќерка, Мери. За неколку месеци, тие ќе имаат уште еден брат или сестра, пишува „woman.ru“.

Иако се заедно повеќе од две децении, во медиумите се прошири информација дека Курникова и Иглесијас одлучиле да го официјализираат својот брак во тајност дури пред две години.

Иако деталите од својата семејна идила ги кријат од очите на јавноста, двојката повремено му дава на светот увид во тоа како изгледа нивниот секојдневен живот. Така, пред две години, Ана сподели заедничка фотографија на Инстаграм за да му честита роденден на Енрике, а потоа во јуни минатата година, по повод „Денот на татковците“, сподели фотографии од Енрике со секое од нивните три деца.

Познатата тенисерка и сите три деца неодамна ги видовме на ексклузивни фотографии објавени од „Дејли мејл“. Курникова ги однела малечките – близнаците Луси и Николас (7) и петгодишната Мери – на часови по боречки вештини.

Курникова била облечена многу лежерно – носела бела дуксерка со качулка, црни велосипедски шорцеви и патики, додека косата ѝ била врзана во опавче. Нејзините деца биле подготвени за третнинг по карате – со полни ранци на грб – додека најстарата ќерка Луси носела џиновско мече во рацете.

Поранешната тенисерка Ана Курникова е во инвалидска количка

ФОТО | Ана Курникова фотографирана во инвалидска количка: Фановите загрижени, што се случува со сопругата на Енрике Иглесијас

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот