Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN//NINA PROMMER/ALLISON DINNER

Американскиот музичкиот магазин „Билборд“ ги прогласи најдобрите 20 пејачки на 21 век

Американскиот музички магазин „Билборд“ ја објави листа на најдобрите пејачки на 21 век. Сепак, некои од имињата кои се најдоа во првите топ 10, предизвикаа негодување во јавноста.

Очекувано, Тејлор Свифт која освои 14 Греми награди  се најде на врвот на листата. На второ место е Ријана, која последниот албум „Анти“ го објави во 2016 година.

На третото место се најде Бијонсе, а по неа следуваа Адел, Кети Пери, Лејди Гага, Пинк, Аријана Гранде, Мајли Сајрус и Алиша Кис.

Изненадувачки, Бритни Спирс се најде на 14-то место. Нејзините обожаватели го изразија своето незадоволство на социјалните мрежи.

„Бритни дефинитивно треба да биде во топ 10. Таа е кралица на женскиот поп“, „Таа влијаеше на повеќето пејачки кои влегоа во топ 10. Како Бритни не е во првите пет? Кети Пери е петта, некој се шегува?“, беа само се дел од коментарите на социјалните мрежи.

И обожавателите на Бијонсе се бесни бидејќи Тејлор Свифт повторно е на врвот.

„Мразам кога луѓето ја потценуваат нејзината работа. Таа напорно работи од првиот ден“, „Заслужи повеќе“, беа дел од коментаите.

Мараја Кери, Џенет Џексон и Мадона се меѓу пејачките кои исто така не успеаја да влезат во топ 10.

Комплетната листа на најдобрите пејачки на 21 век според Билборд е следнава:

Тејлор Свифт, Ријана, Бијонсе, Адел, Кети Пери, Лејди Гага, Пинк, Аријана Гранде, Мајли Сајрус, Алиша Кис, Кели Кларксон, Мараја Кери, Кери Андервуд, Бритни Спирс, Били Ајлиш, Ники Минаж, Дестинис чајлд, СЗА, Аврил Лавињ и Кристина Агилера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот