НАТО, Украина Русија, графички приказ - Извор Х

Поранешен американски офицер тврди: НАТО нема капацитет да се брани од Русија

Земјите-членки на НАТО не би можеле да го заштитат својот воздушен простор во случај на воен судир од големи размери со Русија, изјави пензионираниот потполковник на американската армија Даниел Дејвис на Јутјуб каналот Deep Dive.

– Самото НАТО призна дека имаме веројатно само пет проценти од она што би било потребно за да го заштитиме сопствениот воздушен простор во случај на судир со Русија, нагласи Дејвис. Тој додаде дека раководството на Алијансата мора да се воздржи од „непромислени потези“ во односите со Москва, имајќи предвид дека ризикот од ескалација на војната во Украина сè уште постои.

Ставот доаѓа во време кога во западните кругови сè почесто се отвора прашањето за односот на НАТО кон Русија и Украина. Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха неодамна повика официјално да се признае дека во тек е војна меѓу Русија и НАТО, што предизвика бројни полемики.

Во исто време, поранешниот врховен командант на НАТО во Европа, адмирал Џејмс Ставридис, предложи Алијансата да преземе поодлучни мерки против руските авиони. Тој оцени дека треба да се соборуваат дронови и летала кои го нарушуваат воздушниот простор на НАТО, а во иднина да се разгледа и воведување зона на забрана на летови над Украина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот