Американски крајнодесничарски екстремисти планираат напади со дронови против владата на САД

Американски крајнодесничарски екстремисти отворено разговараат за употреба на сворачно изработени дронови како стратешко оружје во потенцијална „втора граѓанска војна“ против владата на САД, објави британскиот весник „Гардијан“.

 Според експерти, инспирирани од современите војни, екстремистите гледаат на дроновите со функција за набљудување во реално време (FPV дронови) како клучно средство за напади. 

Во јавни и доверливи онлајн простори, овие групи дискутираат како евтините дронови ја револуционизираат војната и би можеле да бидат употребени во идни конфликти.

 Примери за ваква употреба доаѓаат од војната меѓу Русија и Украина, терористичките групи како „Исламска држава“ и нарко-картелите. Џошуа Фишер-Бирч, аналитичар кој речиси една деценија ги следи крајнодесничарските екстремисти, посочи на случај со неонацист од Нешвил кој планирал да бомбардира електрана со дрон, но бил спречен од полицијата.

 Тој додаде дека екстремистите учат од начинот на кој криминалните групи ги користат дроновите како „мултипликатор на сила“ против владините сили. „Гардијан“ наведува дека ФБИ изразува сериозна загриженост за неонацистички секти и други насилни крајнодесничарски групи кои размислуваат за употреба на FPV дронови за напади во САД. 

Екстремистите регрутираат лица со воена обука за да ги пренесат своите вештини, а војната со дронови се смета за стратешки важна техника. ФБИ одби да коментира за „Гардијан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот