Американска инфлуенсерка осудена на четири години затвор поради злоупотреба на деца

Руби Франке / Фото Инстаграм

Мајка од Јута, САД, која споделувала родителски совети за строго родителство на Јутјуб, е осудена на четири години затвор поради злоупотреба на дете, пишува Би-Би-Си.

Руби Франке (42) низ солзи се извини пред судот. Таа претходно се изјасни за виновна за гладување и злоупотреба на сопствените деца. Таа доби минимум четири години затвор, а Франке ќе има 30 дена да се жали на одлуката.

На суд, државниот обвинител на Јута, Ерик Кларк, рече дека двете деца, тогаш на возраст од девет и 11 години, живееле во „околина како концентрационен логор“ и ја нарече мајката закана за заедницата.

„На децата редовно им се одбиваше храна, вода, не им беше дозволено да спијат на кревети и им беа забранети сите форми на забава“, рече Кларк.

Франке на суд се бранела дека била натерана да верува во злобни работи.

„Ме наведоа да верувам дека овој свет е злобно место, полн со контролни полицајци, болници кои болат, владини агенции кои го перат мозокот, црковни водачи кои лажат, сопрузи кои одбиваат да не заштитат и деца на кои им е потребна злоупотреба“, рече таа.

Франке беше уапсена заедно со нејзиниот деловен партнер во август 2023 година, откако нејзиниот неухранет 12-годишен син скокнал од прозорецот на куќата. Полицијата соопшти дека детето потоа истрчало во куќата на соседот и побарало храна и вода. Тој имал повреди од врзување со јаже.

Со тоа апсењата го означија крајот на нејзината контроверзна кариера на Јутуб. Франке имала повеќе од два милиони претплатници на нејзиниот канал, кој го започнала во 2015 година, каде што споделувала совети за строго родителство.

Како бегството на едно измачено и гладно момче ја разоткри морничавата приказна на американска Јутјуберка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот