Амбициозни трансфер планови на Арсенал

Арсенал имаше повторно имаше неуспешна сезона, загуби во финалето на Лигата на Европа, а во Премиер лигата го освои петтото место и повторно не обезбеди пласман во Лигата на шампионите. За да не им се повтори уште една лоша сезона, челниците на екипата уште сега работат со полна пареа на ангажман на три засилувања со кои менаџерот Унаи Емери би атакувал на трофеите во иднина.

Приоритет на Емери е да најде замена за голманот Петр Чех кој замина во пензија и изборот падна на 21-годишниот Маркус Шуберт од Динамо Дрезден. Се очекува договорот со Шуберт да се постигне многу брзо бидејќи на еден од најперспективните голмани во Европа му искува договорот на 1 јули. Тој на „Емирати“ би бил замена за Бернд Лено кој ќе биде прв голман на Арсенал.

Второто засилување за Арсенал треба да пристигне од Франција. Станува збор за талентираниот дефанзивец на Сент Етјен, Вилијам Салиба. За неговите услуги, Емери е подготвен да издвои 30 милиони евра, и постои можност да го остави Салиба во францускиот тим до јануари 2020 година.

Шлагот на тортата треба да биде ѕвездата на Ајакс, Хаким Зијеш. Одличниот Мароканец имаше фантастична сезона и беше еден од најзаслужните што Ајакс стигна до полуфиналето во ЛШ, додека во Холандија по пауза од пет години ја освоија шампионската титула. „Топчиите„ планираат да достават првична понуда од 40 милиони евра но се подготвени и да ја „засилат“ со дополнителни 10 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот