Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Амбасадорот на Јужна Африка во Париз пронајден мртов пред хотел
Амбасадорот на Јужна Африка во Франција, Нкосинати Емануел Мтетва, пронајден е мртов, по пад од 22-ри кат од хотелот „Хајат“, недалеку од Триумфалната капија во Париз.
Препорачано
Француското обвинителство потврди дека телото на 58-годишниот дипломат било пронајдено денеска пред хотелот.
Според локалните извори, се верува дека станува збор за самоубиство, откако амбасадорот наводно скокнал од прозорец.
Обвинителството наведе дека сопругата на амбасадорот претходната вечер добила „загрижувачка порака од него“ и поднела пријава за исчезнување. Телефонот на Мтетва последен пат бил активен во понеделникот околу 15 часот. Тоа ја поттикнало полицијата да распореди специјални тимови и кучиња трагачи на локацијата, на која што последен пат бил активен, стравувајќи од можност за самоубиство.
Весникот „Ситизен“ пренесува дека дипломатот последен пат бил виден во петок, но не се појавил на серија дипломатски состаноци закажани за викендот, што дополнително ги зголемило сомнежите.
Мтетва, освен што беше амбасадор во Франција, имаше акредитација и во Монако, а истовремено беше и постојан делегат на Јужна Африка во УНЕСКО.
Јужноафриканското Министерство за меѓународни односи и соработка најави дека ќе соработува со француските власти за целосно расчистување на трагичниот настан.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
10мин
-
29мин
-
44мин
-
55мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5