Фото: РК Еурофарм Пелистер

Алонсо пред европското деби: Фредериција е тим кој многу напредуваше, нема да биде лесно

Шпанецот Раул Алонсо ќе го има своето деби на клупата на Еурофарм Пелистер во натпреварот против Фредериција во Лигата на шампионите.

За Алонсо ова ќе биде прв европски натпревар откако претходно успешно дебитираше на клупата во домашното првенство.

„Секој натпревар е различен, посебно кога играте во Лигата на шампионите. Ракометарите тука брзо се адаптираат, на новите ситуација. Фредериција е тим кој многу напредуваше во претходните две сезони и беше компететивна во силното првенство на Данска. Од клупата ги предводи Гудмундур Гудмудсон кој е еден од најдобрите светски тренери. Сигурно ќе биде тешко, иако победивме на гости. Сега играме нов натпревар и не очекуваме лесен триумф.

Кога во прашање се подготовките немав време колку што е потребно, тука сум само три дена и одработивме еден тренинг. Влегуваме во натпреварот со вкупно три тренинзи. Ќе го следиме нашиот план, важно е да играме на високо ниво во одбранта и тоа мора да ни појдовна точка за добар резултат“, изјави Алонсо.

Натпреварот помеѓу Еурофарм Пелистер и Фредериција се игра в среда од 20:45 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот