Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Алонсо: Голема е честа да наследиш некој како Анчелоти, без него немаше да бидам тука
Реал Мадрид денеска и официјално го претстави Чаби Алонсо како нов предводник на сениорскиот тим, со што започнува ново поглавје на „Сантијаго Бернабеу“. Шпанскиот стратег, кој доаѓа по блескавата епизода во Баер Леверкузен, истакна дека чувството да се вратиш „дома“ е непроценливо и дека со голема чест и одговорност што ја презема улогата од Карло Анчелоти.
Препорачано
„Голема чест е да се преземе кормилото од Карло, човек кој имаше огромно влијание врз мене како играч и како личност. Без неговата поддршка, можеби денес немаше да бидам тука. Ќе направам сè за да го продолжам неговото наследство и да ја оправдам довербата на клубот и навивачите“, изјави Алонсо на промоцијата во Мадрид.
Алонсо зад себе има импресивен период во Леверкузен, каде го предводеше тимот до историска титула во Бундеслигата и пласман во финалето на Лига Европа. Сега, се враќа на местото каде што помина пет успешни години како фудбалер (2009–2014), освојувајќи пет трофеи, меѓу кои титула во Ла Лига и трофејот од Лигата на шампионите.
„Ова е посебен ден за мене. Среќен сум што повторно сум во клубот што го чувствувам како свој дом. Иако помина време, мојата врска со Реал и со навивачите никогаш не беше прекината“, додаде новиот тренер на „кралевите“.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
10мин
-
39мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5