фото: EPA-EFE/ANTONIO LACERDA

Алкараз поради повреда го предаде мечот во Рио де Жанеиро

Првиот меч на шпанскиот тенисер Карлос Алкараз на турнирот во Рио де Жанеиро, Бразил, траеше само два гема.

Вториот светски рекет го истегна зглобот веќе во вториот поен против Бразилецот Тијаго Монтеиро, се обиде да игра, но по десет минути мораше да се откаже. Резултатот беше 1:1.

– Не е толку лошо. Физиотерапевтите ми рекоа дека не  е сериозно. Почувствував многу силна болка кога паднав. Во тој момент се чувствував многу лошо и знаев дека ќе биде комплицирано да продолжам. Му кажав на мојот тим дека ќе пробам два гема, и ако не можам, ќе се откажам. Да продолжев, ќе беше многу полошо – рече Алкараз.

Сега започнува битката на докторот со времето. Алкараз има закажано егзибициски меч со Рафаел Надал во Лас Вегас за 11 дена во режија на „Нетфликс“.

И самите организатори на овој дуел не се сигурни бидејќи никој од учесниците не е здрав. Надал пред седум дена се повлече од турнирот во Доха, а сега неизвесно е и учеството на Алкараз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот