Карлос Алкараз/фото: EPA/MARK LYONS

Алкараз обезбеди полуфинале во Токио

Шпанскиот тенисер и светски број еден Карлос Алкараз го комплетираше списокот на полуфиналисти на турнирот во Токио. Тој по 1 час и 21 минута игра го победи Американецот Брендон Накашима со 2:0 во сетови 6:2 и 6:4.

Во првиот сет, Алкараз рутински го доби, додека во вториот Накашима се бранеше посилно, спасувајќи три меч топки при 3:5. Сепак, на сервисот на Шпанецот резултатот беше решен.

Во полуфиналето, Алкараз ќе игра против четвртиот носител, Норвежанецот Каспер Руд, додека во второто полуфинале ќе се сретнат Американците Тејлор Фиц и Џенсон Бруксби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот