Фото: rkalkaloid.mk

Алкалоид без проблеми против МРК Куманово, Серафимов прв стрелец

Ракометарите на Алкалоид запишаа уште една убедлива првенствена победа, во шестото коло, на гостински терен кај екипата на МРК Куманово со 35:21.

Тимот на Кирил Лазаров важеше за фаворит на овој натпревар и ја оправда таа улога од почетокот во кој уште по 10 минути имаше водство од 6:2. Резултатскиот баланс беше постигнат откако РК Алкалоид поведе со шест гола разлика и до крајот на првиот дел водството се движеше меѓу пет и шест гола, а на полувреме резултатот беше 17:10.

Алкалоид беше доминантниот тим и во вториот дел во кој по 10 минути игра поведе со 25:15, по што прашање беше само со колкава разлика ќе слави фаворитот.

Во финишот играчите на Лазаров почнаа нова серија на погодоци, стигнаа и до 33:19, а потоа и со 35:20 што беше и највисоката разлика на мечот.

Во победничките редови Серафимов реализираше осум голови, а по пет Тордарсон, Костески и Ѓорговски.

На спротивната страна најрасположени беа Цековски и Ончев со со пет погодоци, а три запиша Стојков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот