EPA-EFE/ANDRE COELHO

Ален Прост: Верстапен ќе ме надмине, а личи на Лауда

Легендарниот Фрацузин го смени мислењето во позитивна смисла што се однесува до резултатите на Верстапен. Тој според една особина го спореди Холанѓанецот со Ники Лауда

Заедничко за Макс Верстапен (27) и Ален Прост (69) е тоа што и двајцата имаат четири титули во Формула 1.

За „професорот“, кој победуваше меѓу другите, против Ајртон Сена, Нелсон Пике и Најџел Мансел, совпаѓањето со Холанѓанецот е чисто формално.

Французинот е убеден дека многу помладиот Холанѓанец ќе го надмине по бројот на титулите.

– Пред една година мислев дека титулите на Макс се донекаде преценети, бидејќи не се борел со два или три тима за да ги освои. Но, откако ја освои четвртата со автомобил инфериорен во однос на Мекларен или Ферари во поголемиот дел од шампионатот во 2024 година, тој изгледа конечно ги докажа своите квалитети – вели Прост.

EPA-EFE/Alfredo Estrella

Според легендарниот Французин, Верстапен набргу ќе го надмине.

– Тој е голем шампион, докажа дека е најдобар. Тоа што сум на исто ниво со некој како него на четири титули не ме загрижува. Всушност, сигурен сум дека може да ме надмине и ќе го направи тоа во наредните години – изјави Прост.

Запрашан за возач од неговата ера што ги поистоветува со Верстапен, Прост по двоумење го одбра Лауда.

– Не сакам да ги споредувам возачите од различни периоди. Но, Макс е како Ники кога станува збор за искреноста, нема сомнеж за тоа. Ако нешто го прашавте Лауда, одговорот секогаш беше искрен, а Верстапен е многу сличен тип во таа смисла, со тоа што секогаш го кажува она што го мисли. Што се однесува до останатото, не можам да судам – вели најдобриот француски возач во историјата.

Еклстон: Хамилтон нема да издржи две години во Ферари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот