Александра Пријовиќ / Фото: Инстаграм/Александра Пријовиќ

Александра Пријовиќ стана мајка по вторпат: На ќеркичката ѝ дадоа прекрасно име!

Пејачката Александра Пријовиќ (29) стана мајка по вторпат. Музичката ѕвезда се породила во приватна клиника во Белград и на свет донесе девојче. Породувањето поминало без компликации, а и мајката и бебето се чувствуваат добро, пренесува „Хелоу“.

Пријовиќ и нејзиниот сопруг, Филип Живојиновиќ, ја нарекле ќерката Арија. Ова е прво девојче во семејството Живојиновиќ по повеќе години, па радоста е голема. Особено се вели дека највозбуден бил нивниот син Александар, кој со нетрпение ја очекува средбата со својата помала сестра.

Уште во јануари беше објавено дека пејачката е бремена, по што таа најави пауза во кариерата. Пријовиќ претходно изјави дека ѝ е голема желба да има ќерка.

„Најважно ми е моето семејство секогаш да биде добро. Би сакала, ако следната година, затоа што сега многу работиме, да добијам ќерка“, изјави таа во едно интервју.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!