фото: mtftennis.mk

Александар Ивановски и во наредните четири години ќе биде претседател на тениската федерација

Александар Ивановски доби нов четиригодишен мандат претседател на тениската федерација на Македонија. На Изборното Собрание беше одлучено Управниот одбор од девет да биде зголемен на единаесет членови.

Ивановски на чело на федерацијата ќе биде и во периодот од 2023 до 2027 година.

И во претходните четири години беше прв човек на тениската федерација, а ова значи и продолжување на активностите што ги реализираше федерацијата во изминативе четири години, а секако важен момент беше организација на Macedonian Open, женскиот фјучрс како и на неколкуте турнири годишно за младите категории.

Една од новините е тоа што е зголемен бројот и на членовите на УО, па така новиот го сочинуваат: Александар Ивановски (претседател), Горан Рафајловски (потпретседател), Љубиша Давидовиќ, Сашо Наумоски, Зоран Антиќ, Јован Мариќ, Миле Атанасов, Љупчо Манџуков, Александар Медарски, Ана Бураку и Билјана Калчовска.

Надзорниот одбор го сочинуваат: Ерол Хасан (претседател), Хари Локвенец и Миливој Крстески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот