Алек Болдвин и Халина Хачинс / Фото: Профимедиа

Алек Болдвин сакал да се самоубие откако ja застрелал Халина Хачинс на снимањето на филмот „Р’ѓа“

Сопругата на Алек Болдвин, Хиларија неодамна откри дека актерот сакал да се самоубие откако пукал во снимателката на снимање.

Имено, во втората епизода од новото шоу наречено „The Baldwins“, сопругата на Алек откри како се чувствувал тој по убиството на Халина Хачинс, кое се случи во 2021 година на сетот на филмот „Rust“.

„Неодамна ги најдов овие пораки што сме си ги праќале „денот потоа“. Тој рече дека сака да се убие“, раскажала Хиларија, мислејќи на денот по несреќата на снимањето.

Таа потоа изјави дека Алек се чувствувал виновен за инцидентот во кој беше повреден и режисерот на филмот, Џоел Соуза.

“Тој има чувство на вина на преживеан. Тој е вклучен во ситуација која никој не можеше да ја замисли, и затоа продолжува да се навраќа на тој ден. Посакуваше да беше тој. Би го сменил местото со Халина во секунда. Ова имаше огромно влијание врз неговото физичко и ментално здравје. Во последните неколку години, тој одеднаш почна да има проблеми со срцето. Тој беше хоспитализиран повеќе пати”, рече таа.

Хиларија, исто така, истакна дека Алек сè уште се бори со посттрауматско стресно нарушување.

Патем, Болдвин беше обвинет за ненамерно убиство, иако случајот беше отфрлен во јули 2024 година, бидејќи беше откриено дека обвинителите задржале докази кои би можеле да бидат корисни во одбраната на ѕвездата. Тој тврдеше дека не го повлекол чкрапалото на пиштолот што ја застрела снимателката Хачинс, односно не бил свесен дека пиштолот бил наполнет со вистински куршуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот