Фото: МИА

Албин Курти ја отвори преименуваната улица во Чаир, „Втора македонска бригада“ сега го носи името „Адем Демачи“

Косовскиот премиер Албин Курти, кој е во неофицијална посета на земјава денеска ја посети општина Чаир каде присуствуваше на преименувањето на улицата „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“, косовски политичар и писател.

Курти порача дека од особено значење е тоа што Демачи ќе има своја улица во Македонија.

Премиерот на Косово во Чаир беше пречекан од градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу, лидерот на „Беса“ Билал Касами, на „Алтернатива“, Африм Гаши и Изет Меџити кој најави формирање на ново политичко движење во албанскиот блок откако ја напушти ДУИ.

Добредојде за Османи само на албански јазик, посетата на претседателката ги испразни контејнерите и го растовари сообраќајот во Тетово

Попладне во Тетово, Курти ќе се сретне со албанските опозициски партии, но не се најавени средби со државниот врв или владините партии од албанскиот блок.

Пред влезот на Тетово Курти ќе биде пречекан со пораката „Добредојдовте во Тетово премиере“ испишана само на албански јазик на платно и закачена на надвозник, а во градот истата порака ја има на билборди.

По повод пристигнувањето на косовската делегација, локалната самоуправа одлучи сите паркинзи денеска да бидат бесплатни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот