Албанските пензионери ќе добијат „празничен бонус“

Фото: EPA/ARMANDO BABANI

Албанските пензионери ќе добијат „празничен бонус“ во износ од по 5 илјади леки (50 евра).

Според одлуката на владата со оваа мерка ќе бидат опфатени околу 700 илјади пензионери, за што се предвидени средства во износ од 3,5 милијарди леки.

Министерот за економија Ервин Мете објави дека бонусот ќе биде исплатен во текот на месецов, што е втор по оној исплатен во месец април.

„За индексирање на пензиите во последните три години се издвоени 25 милијарди леки, кои со предвидениот буџет за следната година ќе достигнат 30 милијарди леки“, напиша министерот Мете на објава на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот