Албанската опозиција во Гостивар го промовираше Таравари за кандидат за претседател

Фото: МИА

Кандидатот за претседател на политичките партии од коалицијата „Вреди“ Арбен Таравари, вечерва беше промовиран на митинг во Гостивар.

Таравари посочи дека ќе биде поинаков и претседател на сите граѓани и најави дека ќе се ангажира за избор на претседател во Собрание, уставните измени и бришење на терминот 20 проценти. Тој најави дека ќе се бори за слобода, еднаквост и хармонија во државата, бидејќи, како што рече, народот е на прво место.

Оваа кандидатура е одговорност, но и најголема привилегија што сум ја имал во животот. На секој од вас што дојде, многу ви благодарам, бидејќи вие сте мојата сила. Јас сум доктор 26 години, мојот профил како невролог ме освести за грижите на луѓето, кои доаѓаат од неправеден систем. Јас ќе бидам претседател на народот и за народот. Јас како претседател предложен од коалцијата „Вреди“ ќе бидам апсолутен победник во албанскиот табор, рече Таравари.

Во спортската сала „Младост“ пред симпатизерите и членови на партиите Алтернатива, Демократско движење и Беса зборуваа лидерите Африм Гаши, Биљал Касами и Изет Меџити и во говорите посочија зошто Таравари треба да ја добие поддршката на претседателските избори. .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот